Search

Хутите нападнаа аеродром во Саудиска Арабија

Јеменското племе Хути, кое е поврзано со Иран, нападна складиште со оружје на аеродромот во Назран, Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожар во зградата, објави телевизијата Ал Масира.

Саудиската воена коалиција претходно соопшти дека цивилен објект во саудиската провинција Назран е нападнат од дрон кој носел експлозив. Во соопштението не е наведено дали има жртви.

Хутите вчера ги демантираа саудиските медиуми дека истрелале балистички проектили против Мека, најсветото место на исламот, во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и земјите од Персискиот залив, кои се во коалиција со САД.

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ја предводат коалицијата на сунитските муслимани поддржани од Западот, која во 2015 година интервенираше во Јемен, со цел да се обидат да ја вратат на власт меѓународно признаената влада која Хутите ја соборија во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави