Search

Христијан Мицковски освен за обнова на криминалот ништо друго не нуди

Кај ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски ништо не се променило, а  партијата се води по деструктивните политики на Груевски и во одбрана на криминалот.
„Обновата” за која зборува Мицковски е само лажен параван зад кој се кријат деструкцијата и одбраната на криминалците и криминалот.
Со поразената на избори Гордана Сиљановска која јавно кажа дека се залага за откажување од Договорот од Преспа и дека е против соработката со граѓаните Албанци во државата.Со Игор Дурловски  која наводно треба да ја обновува државата а значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. 
ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство нема ниту  визија, ниту посакува сигурна иднина за својата земја. ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство е завршена приказна,се додека ги поддржува криминалните политики и инструкции од Будимпешта.
Ако Мицкоски расчисти со криминалците во своите редови, наместо да ги штити, и  им се извини на граѓаните за грабежот од неговата партија, тогаш новите  политики ќе бидат сфатени сериозно и ќе бидат вистинска опозиција.
Треба да знаете
Последни објави