Search

Хрватска на границата постави сензори за откривање на отчукувањата на срцето на скриените мигранти

Дополнителни 12 гранични премини се опремени со детектори кои со сензори ги следат отчукувањата на срцето со цел да откријат мигранти скриени во камиони, тврдат од хрватското Министерство за внатрешни работи.

Тоа се уреди што преку сеизмички сензори ги регистрираат минималните вибрации на луѓето во затворен простор, а резултатите се прикажани на лаптоп.

Веќе во првата недела на употреба, уредите дале резултати и откриени се повеќе нелегални мигранти, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Уредот е целосно приспособен на корисникот и е лесен за употреба, велат од Министерството.

Треба да знаете
Последни објави