Search

Хоџа: Секогаш кога им слабее поддршката, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поттикнуваат тензии

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат реторика која ни ја враќа меморијата од владеењето на режимот, изјави генералниот секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа.

Секогаш кога ќе ослабнат, вели Хоџа, тие го обновуваат политичкиот фолклор, популизмот и јазикот на поделба, омраза и поттикнувањето на тензии.

„Граѓаните добро го препознаваат ваквиот вид на манипулација наметнет од страна на поранешниот режим и од секоја средба со нив, ние сме по мотивирани и уште повеќе сме убедени дека коалицијата МОЖЕМЕ е подобра, побезбедна и покорисна опција за државата и општеството. Оние што денес продаваат патриотизам, мораат да ги потсетиме за спомениците, стиропорните фасадите, прислушувањата, политички монтираните случаи, не расчистените случаи на корупција и криминал, и што е најважно, мора да запомниме колку млади ја напуштија земјата, токму затоа што режимот на ВМРО-ДУИ им ја уби надежта и ги остави без никаква перспектива и ги натера да ја напуштат државата“, вели генералниот секретар на БЕСА.

Тој истакна дека коалицијата „Можеме“ спроведува позитивна кампања и за разлика од опонентите, за време на средбите со граѓаните се придржуваат до здравствените препораки.

„За разлика од другите политички партии кои немаат јасна политичка понуда, се служат со фолклорна реторика и популизам, па дури и го загрозуваат здравјето на граѓаните со тоа што не ги почитуваат препораките на здравствените институции за одржување на дистанца и носење маски, а за разлика од нив, ние нудиме инклузивна програма, заснована врз конкретните потреби и барања на граѓаните. Ние дневно одржуваме многу средби , директно се среќаваме со граѓаните, го слушаме нивниот глас и нормално се грижиме да не го загрозиме нивното здравјете. Придржувањето кон здравствените препораки за одржување на дистанца и носење маски е многу поважно од која било политичка агенда, здравјето на граѓаните е поважно од било какво масовно собирање без маски и социјална дистанца“, додаде Хоџа.

Треба да знаете
Последни објави