Search

Холанѓанец крадел парички од римска фонтана, ќе плати казна од 550 евра

Холанѓанец затекнат како краде парички од ренесансна фонтана во центарот на Рим, ќе мора да плати парична казна од 550 евра.

Полицајците го фатиле на дело во неделата, во раните утрински часови, објавија локалните власти, а пренесе агенцијата „Анса“.

Човекот на возраст од 36 години влетал во фонтаната Дел Моро на Пјаца Навона, што важи за позната туристичка дестинација. Откако сфатил дека полицијата го забележала, тој се обидел да ги скрие украдените монети.

Римскиот Градски совет неодамна наложи строги правила за несоодветно однесување во јавност, како што е пливање во фонтани и пиење алкохол по улиците по 11 часот навечер.

Треба да знаете
Последни објави