Search

Холанд седми играч во историјата на Бундеслигата со хет-трик во својот деби натпревар

Напаѓачот Ерлинг Холанд се запиша во историјата на Германското фудбалско првенство како седми играч кој во својот деби натпревар постигнал три гола.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, на денешниот дуел со Аугсбург на гостински терен реализира во 59., 70. и 79. минута и донесе победа за својот тим кој славеше со 5:3.

Норвежанецот во игра влезе во 56. минута.

Последен што во својот деби настап постигнал хет-трик во Бундеслигата досега беше Пјер-Емерик Обамејанг во 2013 година. Габонецот тогаш постигна три гола за Борусија Дортмунд, исто така на дуел со Аугсбург (4:0).

Треба да знаете
Последни објави