Search

Хисени: Косово и Србија за 12 месеци ќе го решат меѓусебното признавање или преговорите ќе пропаднат

Координаторот во косовската влада за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Скендер Хисени изјави дека двете страни ќе постигнат договор за 12 месеци или овој процес на помирување целосно ќе пропадне. Хисени на приштинската ТВ Клан Косово рекол дека во овој период или ќе има меѓусебно признавање од старна на Косово и Србија или овој обид за затворање на ова прашање завршува.

Хисени се залага да се искорсити сегашниот момент кој на двете страни им го овозможуваат европските сили и затоа ќе инсистира на интензивни разговори кои ќе ги координираат ЕУ, САД и Париз. Тој напоменува дека никогаш нема да дозволи разговрите да се развлекуваат и да влезат во технички преговри.

-Косово и Србија треба да ја зграпчат оваа шанса за да напредуваат. одолговлекувањето на разговорите е неуспех. Не знам дали Србија го разбрала ова, но доколку има намера да стане полноправен член на ЕУ треба да ја искористи оваа шанса – порачал Хисени.

Координаторот кој е именуван од премиерот Авдулах Хоти порачува дека на политичката сцена на Косово неопходно е единство за да се постигне договор со Србија.

Треба да знаете
Последни објави