Search

Хирургот Бајрами работеше 30 часа по несреќата кај Ласкарци: „Не сум херој, Господ ми даде сила

Хирургот Ридван Бајрами е еден од хероите кои завчера дадоа се од себе да се спасат настраданите во несреќата на автобусот на „Дурмо турс“. Тој беше на работа повеќе од 30 часа и со целиот тим на ГОБ „8 Септември“ посветено работеше да им се помогне на повредените. За Женски магазин вели дека се чуди од каде ја црпел силата.

-Во вакви ситуации, треба да бидеш психички јак, да не се предаваш. Јас верувам во Господ, и мислам дека на целиот тим тој ни даде сила брзо да се организираме и да реагираме. Бев дежурен на работа кога се случи несреќата, и за половина час, заедно со тимот, успеавме да организираме 37 пациенти да се сместат на соодветните одделенија во болницата, вели Бајрами.

Тој истакна дека не сака кога во јавноста докторите се прикажуваат како херои.

Треба да знаете
Последни објави