Search

Хејли Бибер оди на психолог поради троловите

Во интервју за лондонскиот весник „Ивнинг стандард”, манекенката Хејли Бибер откри дека посетувала психолог за да се справи со интернет-троловите и озборувањата.

– Морав да работам многу околу тоа со терапевт, бидејќи дојде до точка кога тие (троловите) станаа премногу луди по мене, и јас бев навистина вознемирена цело време. Она што најмногу ми пречи е што многу луѓе на интернет навистина сакаат да бидам не толку пријатна личност. Очекуваат да бидам злобна и ме викаат „кучка”. Никогаш не сте ме сретнале лично! Не ме познавате!, вели супермоделот.

Голем дел од негативното внимание, како што самата вели, дошло по венчавката со Канаѓанецот Џастин Бибер – еден од најпознатите пејачи во светот. А, добар дел од троловите се обожаватели на Селена Гомез, поранешната девојка на Џастин.

Хејли смета и оти луѓето имаат лажни, големи очекувања за славните, што придонесува кон она што таа го нарекува за „култура на откажување”.

 Отворена сум за фактот дека се уште растам како личност. Би сакала луѓето да бидат поотворени кон идејата да им дозволат на луѓето да учат, да растат, да прават грешки и да продолжат понатаму. Но, ние живееме во оваа култура на откажување, каде што луѓето постојано велат: „Го стори тоа, затоа откажи се!” Тоа е многу штетен светоглед, вели таа. 

Треба да знаете
Последни објави