Search

Хафтар објасни зошто не го потпишал примирјето во Либија

Командантот на Либиската национална армија (ЛНА) Халифа Хафтар,кој си замина од Москва без да го потпише договорот за примирје со Владата во Триполи на Фаез Сараџ, изјави дека предложената ватијанта на документот игнорира голем број од барањата на ЛНА.
– Проектот за договор игнорира многу од барањата на Либиската армија, изјави тој, пренесе Ал Арабија.
Претходно, медиумот јави дека на средбите во Русија тој барал неговите сили да бидат внесени во Триполи и да се формира влада на национално единство што ќе добие доверба од парламентот што заседава во Тобрук.
Хафтар повика и за меѓународен мониторинг на примирјето без никакво учество на Турција и безусловно повлекување на „платениците, донесени од Сирија и од Турција”.
Треба да знаете
Последни објави