Search

Харадинај сепак омекна, ќе ги постави царините на владина седница

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај сепак попушти. Тој е подготвен да го стави прашањето за суспендирање на царините на дневен ред на седница на Владата, ако го предложи тоа некој од министрите, пренесе приштинска „Коха“.

„Харадинај, според важечките правила, уставните овластувања и законот, досега ги обработи сите прашања на дневен ред и ќе продолжи со обработката на сите прашања врзани за дневниот ред“ изјавила советничката на Харадинај, Доњета Гаши, на прашањето дали Харадинај ќе дозволи носење на одлука на Владата во согласност со демократските процедури, предвидените правила на сила, ако некој од членовите на Владата покрене суспензија на царините на стоките од Србија. Харадинај вчера се закани  дека никаква санкција нема да го натера да ги укине таксите за стоки од Србија и БиХ. Неговите закани беа одговор на острите предупредувања на САД кои упатија писмо до косовските лидери со барање за укинување на царините за Србија и БиХ и ги предупредија дека се додека не го направат тоа, односите со нив нема да бидат вратени на претходното ниво, како безбедносните, така и другите облици на соработка со Приштина.

Треба да знаете
Последни објави