Search

Хант: Британија не сака да ескалира ситуацијата со Иран

Британија не сака да ескалира ситуацијата со Иран, изјави денеска министерот за надворешни работи Џереми Хант, во однос на тензиите помеѓу Лондон и Техеран поради заплената на иранскиот танкер и поминувањето бродови преку Ормушкиот теснец.

– Ние реагираме на она што се случува на умерен и внимателен начин и јасно ставивме до знаење на Иран дека не сакаме ескалација на оваа ситуација, изјави Хант за Скај Њуз.

Како што пренесуваат странските агенции, односите меѓу Иран и Западот се исклучително напнати откако Британија заплени ирански танкер во Гиблартар.

Треба да знаете
Последни објави