Search

Хамнеи: Кога викаме „Смрт за Америка“ тоа се однесува на Трамп, а не на американскиот народ

Иранците ќе викаат „Смрт за Америка“ сè додека Вашингтон спроведува непријателска политика, но ваквиот слоган е насочен против претседателот Доналд Трамп и американските челници, а не кон американскиот народ, рече врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Хамнеи.

„Сè додека Америка е зло, иранската нација нема да се откаже од (слоганот) ‘Смрт за Америка’“, рече Хамнеи, на собирот на офицери на иранските воздухопловни сили, по повод 40-годишнината од иранската исламска револуција, објавено е на неговата официјална интернет-страница.

Трамп минатата година се повлече од иранскиот нуклеарен договор со светските сили постигнат во 2015 година и повторно воведе санкции за Техеран, со тоа задавајќи удар на економијата на таа земја.

„’Смрт за Америка’ значи смрт за Трамп (советникот за национална безбедност) Џон Болтон и (државниот секретар) Мајк Помпео. Тоа значи смрт за водачите на САД“, рече Ајатолахот.

Европските потписници на нуклеарниот договор се обидуваат да го спасат истиот, но Хамнеи вели дека и на нив не може да им се верува, исто како и на САД.

ЕУ ги засили критиките за иранската ракетна програма, додека и натаму е посветена на нуклеарниот договор од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави