Search

Хамнеи: Економијата е најголемиот проблем на Иран

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека економските потешкотии се најголемиот проблем на Иран.

-Се зголемија проблемите, кои луѓето ги имаат поради средствата за живот, особено во последните неколку месеци, истакна Хамнеи во снимената телевизиската порака по повод персиската Нова Година.

Тој додаде дека „економијата е најтешкиот и суштински проблем на земјата”.

На слабеењето на иранската економија влијаеше минатогодишната одлука на САД да се повлечат од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран и повторно да ги вратат острите санкции кон Иран.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во денешното обраќање, исто така, говореше за економските проблеми и американските санкции.

-Проблемите почнаа со оние кои го прекршија ветувањето, рече иранскиот претседател, но додаде дека решението за проблемите,сепак, е во рацете на Иран.

Персиската Нова Година се слави како национален празник. Шиитското малцинство го слави празникот со посета на храмови.

Треба да знаете
Последни објави