Search

Хамилтон најбрз на првите тестови пред стартот на сезоната во Формула 1

Првите тестови пред почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот минаа во знак на Луис Хамилтон. Пилотот на Мерцедес беше најбрз на патеката крај Барселона на која оствари време од 1:16,976 минути.
Четирикратниот шампион Себастијан Фетел требаше да се вози во Ферари, но по задолжителната фотосесија со останатите возачи, се врати во хотелот бидејќи, како што истакна, не се чувствувал добро, јави Би-Би-Си.
Новата сезона во Формула 1 шампионатот почнува на 15 март со трка за Големата награда на Австралија во Мелбурн. Титулата ќе ја брани Лујис Хамилтон.
Треба да знаете
Последни објави