Search

Хакери ѝ се заканија на британската Влада: Ослободете го Асанж или ќе платите

Хакерите „Анонимуси“ се заканија со одмазда на британскиот естаблишмент поради апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

„Ослободете го Асанж или ќе платите“ се наведува во соопштението објавено на порталот „Anonews“, пренесе „Спутник“.

Во соопштението се наведува дека основачот на „Викиликс“ секоја година од 2010 година е предлаган за Нобелова награда за мир, додека за неговиот случај пишуваа светските медиуми.

„Го сакаат во целиот свет, посебно оние кои се доволно паметни да видат преку пропагандата која ја оправдува надворешната политика на САД и нивните сојузници“ се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави