Search

Хакери ја нападнаа австриската новинска агенција АПА

Најголемата австриска новинска агенција АПА била цел на хакерски напади во ноември, објави виенскиот дневен весник Кронер цајтунг.

Хакерите се обиделе да ја спречат целосно работата на новинската агенција.

– Нападот беше извршен со таканаречен „ransomware”, потврди портпаролката на АПА, Петра Халер.

Станува збор за напад со софтвер што со шифрирање интерни ИТ системи се обидува да прекине работа на компјутерски систем.

-Инфицираните делови беа веднаш исклучени од целокупниот систем и со тоа се спречи понатамошно ширење, рече Халер, додавајќи дека редакциската работа не е засегната од тој напад.

Мотивите и позадината на нападот врз АПА се уште не се познати, а агенцијата поднесе пријава до Федералната служба за криминал.

Треба да знаете
Последни објави