Search

Хадсон Одои се излечи од коронавирусот

Пред десет дена, младиот напаѓач на Челзи, Калум Хадсон Одои, доби позитивни резултати на коронавирусот. Докторите му препорачаа строга самоизолација, која вроди со плод, бидејќи членот на лондонскиот тим го победи вирусот ковид-19. И покрај тоа, тој ќе остане дома и ќе продолжи да се подготвува за остатокот од сезоната во домашни услови.

Френк Лампард му дава голема минутажа на 19-годишникот. Оваа сезона младиот офанзивец одигра 25 меча и постигна три погодоци. Успешна терапија и победа над коронавирусот извојува и менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Треба да знаете
Последни објави