Search

ФФМ ќе добие 400 тестови за да направи контрола од коронавирусот кај прволигашите

Во Фудбалската федерација на Македонија ниту втората средба на раководството и претставниците на клубовите не ја решија дилемата што и како понатаму со прекинатата сезона поради пандемијата од коронавирусот. Таа одлука е одложена е првичната информација од ФФМ иако УЕФА даде рок до 25 мај (понеделник) да добие  повратна информација околу продолжувањето на сезоната. ФФМ ќе мора да дојде до одговор час поскоро. Во опција се две варијанти да се игра по скратен систем или да се прекине комплетно првенството и по административен пат да се одредат патниците во Европа.

На денешната средба присустввуаше д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје кој презентираше како и под кои услови клубовите епидемиолошки да се заштитат при отпочнувањето со тренинзите. ИЈЗ ќе ги обезбеди 400 тестови за Ковид 19 за  фудбалерите, тренерите и вработените во клубовите.

 

Треба да знаете
Последни објави