Search

ФФМ ја прошири ПМФЛ, Пелистер и Беласица повратници во елитата

Некогашните шампиони Беласица и Пелистер се новите прволигаши, така одлучи управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Тоа значи дека ПМФЛ ќе броид 12 екипи.

„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот на Натпреварувачката комисија во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 да се натпреваруваат екипите кои во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 се на првото место на табелата од ВМФЛ-Исток и ВМФЛ-Запад“, се вели во соопштението на федерацијата.

Беласица се враќа експресно по само една, а Пелистер по две сезони во најсилната фудбалска категорија во Македонија. Нашиот најпопуларен спорт добива два култни клуба, многу навивачи и полни стадиони.

 

Треба да знаете
Последни објави