Search

Фудбалските второлигаши бараат помош од ФФМ, бидејќи неможат да ги наплатат ваучерите

По македонските фудбалски прволигаши и второлигашите се обратија за помош до ФФМ. Десет екипи од источната група и седум од западната се потпишани на заедничкото соопштение со кое бараат да бидат потпомогнати финасиски во висина на износите од ваучерите кои не можат да ги уновчат, бидејќи компаниите ги чекаат економските мерки од владата за справување со кризата настаната од пандемијата на коронавирусот. Поради оваа ситуација стопирани сите спонзорства и донации од компаниите за спортските клубови. Второлигашите во своето соопштение бараат  еднаква финансиска помош за секој клуб и повлекување на ваучерите доделени од Агенцијата за млади и спорт.

-Фудбалските клубови се организирани на аматерска основа и не остваруваме никакви приходи. Единствен приход се донации, кои сега се поврзани со добивањето на ваучер и спонзорства, кои од воведувањето на ваучерите се нула. Во овој момент се соочуваме со ситуација да не може да ги реализираме ваучерите, ниту да добиеме спонзорства од компаниите, а трошоците останаа исти, се однесуваат на личен доход за многу малку лица и хонорари, како единствен начин за финансирање на фудбалерите и останатите лица ангажирани во клубот“, се вели во соопштението.

Фудбалските првенства во Македонија се во прекин.

Треба да знаете
Последни објави