Search

Фудбалер на „Ајнтрахт“ ја тужи својата мајка за дресовите од детството

Фудбалерот на „Ајнтрахт“, Дани да Коста, привлекува внимание со некои по малку „бизарни“ работи во животот. Тој најпрво откри дека е алергичен на трева, а сега германските медиуми јавуваат дека ја тужел својата родена мајка бидејќи не сакала да му ги врати дресовите од детството.

Окружниот суд во Келн го потврди постоењето на оваа постапка.

Мајката на 26-годишниот фудбалер тврди дека синот ѝ ги подарил спорните дресови пред десетина години. Станува збор за шест дреса од помладите категории, а меѓу нив е и оној од кадетскиот турнир во 2010 година кога Ајнтрахт играше против Леверкузен.

Доколку двете страни не се договорат во наредните неколку дена, ќе се појават во судот во Келн на првото рочиште закажано за 27 септември.

Во почетокот на летото, Да Коста откри дека е алергичен на трева и дека каков било контакт со неа му предизвикува голема алергиска реакција. Поради ова, тој постојано носи дрес со долги ракави и најдолги штуцни.

Треба да знаете
Последни објави