Search

ФСБ: Речиси 1.500 странски милитанти пристигнале во Европа од Блискиот Исток

Околу 1.500 странски терористи, кои учествувале во борбени дејства на Блискиот Исток, сега се во Европа, изјави директорот на руската Федерална безбедносна служба(ФСБ) Александар Бортников на конференцијата за борба против меѓународниот тероризам, пренесува ТАСС.

„Околу 1.500 од 5000 терористи пристигнаа во ЕУ од Блискиот Исток, според проценките на експертите. Значителен број од нив се вооружени напаѓачи, кои беа испратени од страна на водачите во Европа за да продолжат со терористички напади”, изјави Бортников на конференцијата организирана од Интерпарламентарното собрание на Комонвелтот на независни држави.

И покрај големите загуби во Сирија и во Ирак, терористичките групи Исламска држава и Ал Каеда и воените групи поврзани со нив, сé уште претставуваат сериозна закана.

„Меѓусебно поврзани и автономни ќелии се проширија од Блискиот Исток до Европа, Централна и Југоисточна Азија, а главните милитантни групи заминаа длабоко во африканскиот континент, особено во Либија”, истакна Бортников .

Според шефот на ФСБ, ситуацијата во Авганистан е од посебен фокус. Нелегалните терористички групи се здружуваат со терористите од Сирија, создавајќи закана за државите од Централна Азија.

Треба да знаете
Последни објави