Search

Фрчкоска: Снимките не може да бидат докази, прибавени се на незаконит начин

Ирена Данаилова-Фрчкоска, aдвокатка на Катица Јанева, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за доказите кои и биле презентирани против Јанева од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, велејќи дека и биле презентирани селектирани докази.

-По она што го видов, од материјалните докази не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото кое и се става на товар, вели Данаилова-Фрчкоска, според која, ќе треба да се види дали снимките воопшто ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка.

Треба да знаете
Последни објави