Search

Фрчковски: Продолжуваме со инвестиции за подобрување на инфраструктурата во Центар

Локалната и градската власт предводени од СДСМ и Коалицијата продолжуваат со сериозни инвестиции во современата инфраструктура на територија на општина Центар.
Градежната офанзива за изградба и реконструкција на центарските улици е во полн ек. Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.
Досега на територија на Општина Центар комплетно се реконструирани 25 сервисни улици и 6 паркиралишта, а во периодот што следи ќе се направи целосна реконструкција на улиците „Орце Николов”, „Козара”, „Народен Фронт”, „Аминта Трети” и „Елисие Поповски”.
Водени од интересот на граѓаните, со забрзана динамика продолжуваме и понатаму да градиме по план и да инвестираме во развојот и иднината на Центар.
Треба да знаете
Последни објави