Search

Фросина Ременски: Не сум жртва на СДСМ туку на политичко-разузнавачка операција

– Години наназад застапувам принципи што не се политички пожелни. Имам крут став за одредени принципи за одговорност, како борбата против организираниот криминал и корупцијата. Мора да има длабинска реформа во институциите, одговорност за политички монтираните случаи и за глувонемоста на институциите кога масовно се кршеле човековите права и слободи. Кога ќе ги потенцирате тие принципи и ставови и во време кога сте на власт, делува како да излегувате од шаблонот на некритика кон своите. Има и такви што лично ги сфатиле моите критики. Не би давала оценка дека сум жртва на мојата партија, туку жртва на моите принципи и мојата искреност, како правдољубив човек, вели Фросина Ременски во интервју за „Слободен печат“.

Со Бојан Јовановски, Ременски се запознала случајно, откако ја „спасила“ мајка му од отказ во Министерството за труд и социјална политика.

Ременски за „Слободен печат“ тврди дека не потпишала ниеден документ во „Меѓународен сојуз“, а почесно членство добила како знак на благодарност за својот придонес во креирањето на социјални политики и, пред сè, како човек хуманист.

Мојата кандидатура за пратеник на СДСМ за претстојните изборите веќе е доставена во партијата, вели Фросина Ременски, потпретседателката на Собранието во последниот парламентарен состав и обвинета во судскиот спор „Меѓународен сојуз“ во јавноста попознат како „Рекет 2“.

Треба да знаете
Последни објави