Search

Француски министер најави можност ЕУ да воведе санкции против Полска

Францускиот министер за европски работи Клемен Бене денеска изјави дека ЕУ може да преземе финансиски санкции против Полска ако дијалогот со Варшава за примат на европски закони над националните не даде резултати.

На почетокот на октомври полскиот Уставен суд констатираше дека елементи на европското законодавство не се во согласност со полскиот Устав.

Лидерите на ЕУ ќе одржат денеска и утре самит чија главна тема ќе биде Полска и цените на енергенсите.

Треба да знаете
Последни објави