Search

Француски медиуми: Говорот на Макрон не ги убеди во целост „Жолтите елеци“

Новите отстапки кој ги најави претседателот на Франција Емануел Макрон во своето долгоочекувано обраќање до нацијата допрва треба да го убеди движењето „жолти елеци”, кои денес продолжуваат да се мобилизираат додека во јавноста се повеќе се споменуваат нови протести во сабота, пишуваат француските медиуми.

Многу Французи преку социјалните мрежи упатуваа критики до претседателот Макрон за неговиот говор. Како што пишуваат француските медиуми тоа пред се се должело на тоа што неговото обраќање било снимено, а не во живо, што според коментарите на граѓаните тоа е недостаток на почит кон народот.

Тие, исто така, прашуваат како ќе се направат некои отстапки, бидејќи тие се уште „не ги допираат богатите”.

Во медиумите утрово може да се видат различни реакции. Весникот „Parizjen” утрово излезе со наслов „Овој пат тој одговори”.

Макрон, кој беше следен од 21 милион луѓе, вети серија на отспатки за смирување на кризата која завладеа во земјата по протестите на „жолтите елеци”, вклучувајќи и зголемување на минималната плата од 2019 година, за 100 евра месечно, како и различни бенефиции за вработените и пензионерите со ниски приходи.

Многу експерти веруваат дека без разлика колку тие отстапки може да бидат силни, таквите мерки не успеале во целост да го смират гневот на граѓаните, кои од 17 ноември се мобилизирани низ целата земја, а секоја сабота организираат и протести во поголемите градови, пишуваат француските медиуми.

Жолтите елеци“ велат дека вратите кај властите се отворени, но тие ќе продолжат да се борат.

Опозицијата беше меѓу првите со реакција. Лидерот на радикалната левица, Жан-Лик Меланесон веќе реагираше на повикот за продолжување на протестот.

Претседателката на екстремната десница Марин Ле Пен изјави дека е добро што Mакрон се откажува од некои даноци, но истакна дека претседателот одбива да признае дека луѓето го оспоруваат моделот за кој тој се залага.

Претседателот на синдикатот ЦГТ Лоран Берже рече дека Maкрон не го разбирал гневот поради тоа што нуди краткорочни решенија.

Од политичка страна, премиерот Едуар Филип денеска ќе се обрати во Парламентот, додека разни министри се поканети во голем број медиуми да одговорат на прашањата на граѓаните.

Макрон денеска ќе има средба со претставниците на банкарскиот сектор и со претставници на големи компании, а според тамошните медиуми тој ќе ги замоли да учествуваат во заедничкиот напор во решавање на кризата, која се смета за најголема од неговото доаѓање на власт во мај 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави