Search

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во посета на МИА

Новиот француски амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска беше во посета на Медиумската информативна агенција – МИА.

На средбата со директорот на Медиумската информативна агенција, Драган Антоновски, во привремените простории на МИА, Бомгартнер беше запознаен за начинот на функционирање на националната новинска агенција, за сервисите кои ги нуди и соработката која  ја остварува со националните агенции од регионот и Европа.

Антоновски и Бомгартнер разменија мислења и за работата на медиумите во Франција.

Францускиот амбасадор на средбата понуди помош за МИА чии простории беа оштетени во пожарот кој избувна на 9 септември годинава.

Треба да знаете
Последни објави