Search

Француска фирма ќе плати отштета за вработен кој починал при секс на службено патување

Работодавецот е одговорен за секоја несреќа што ќе се случи на службено патување, заклучил судот во Париз, а тоа се однесува и на срцев удар што ќе се случи за време на попатен сексуален однос во хотелска соба.

Таков е случајот со извесен Ксавиер Х., кој бил вработен во француската компанија ТСО, што се занимава со изградба и одржување железнички пруги. Судот во Париз пресудил дека неговата смрт е несреќа на работа, а од компанијата се бара да му плати обесштетување на семејството на починатиот Ксавиер.

Компанијата на судењето аргументирала дека нивниот вработен во хотелската соба во друштво на неименувана гостинка не ја извршувал својата работа, туку имал вонбрачен секс. Овој несреќен настан се случил во централна Франција во 2013 година додека Ксавиер бил на службено патување, пренесе Би-би-си.

По срцевиот удар што го доживеал во хотелска соба, човекот починал, а здравственото осигурување заклучило дека станува збор за несреќа на работно место. Како што објасниле од таму, сексуалната активност е нормален дел од животните активности, исто како туширање или јадење.

Треба да знаете
Последни објави