Search

Франција ќе екстрадира лидер на ЕТА во Шпанија

Франција денеска одлучи да го екстрадира во Шпанија лидерот на поранешната баскиска сепаратистичка група ЕТА, Хозе Антонио Урутикоех (69), обвинет дека ја финансирал оружената група преку кафулиња во кои се собирале заговорници за независност на Баскија.

Тој е осуден и за издавање наредба за бомбашки напад врз гарнизон на шпанската цивилна гарда во 1978 година во Сарагоса, кога загинале 11 лица, а 88 биле повредени.

Се смета и дека Урутикоех во мај 2018 година, по објавата за распуштање на ЕТА, бил еден од нејзините последни лидери, а голем број припадници на организацијата се криеле во францускиот дел на Баскија, а извршувале операции во Шпанија.

Судот во Париз соопшти денеска дека Урутикоех, познат и под името Хозе Тернер може во следните три дена да поднесе жалба на одлуката за екстрадиција.

Треба да знаете
Последни објави