Search

Франција сака да го стави „Тур де Франс” под заштита на УНЕСКО

Околу 50 француски пратеници побараа велосипедската трка околу Франција, „Тур де Франс”, да биде запишана во Светската културно и природно наследство.

– „Тур де Франс” е повеќе од национален симбол, тоа е светски мит. Треба да ги заштитиме симболите на нашата култура, наследство и заеднички живот, напишаа пратениците во заедничката иницијатива, која ја покрена пратеникот на владеачката партија Филип Фолио.

Годинешното 106 издание на најпопуларната велосипедска трка во светот започна на 6 јули во Брисел, треба да трае уште две недели, а во оваа трка учествуваат само избрани велосипедисти кои добиваат специјална покана од организаторите.

Инаку, првиот „Тур де Франс” бил одржан во далечната 1908 година, и од тогаш традиционално се одржувал секоја година, освен во годините на Првата и Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави