Search

ФОТО: 43-годишна мајка на четири деца прогласена за најубава жена на светот

Ксенија Вербицкаја од Санкт Петербург победи на натпреварот во убавина за мажени жени, Mrs Universal Classic, што се одржа во Софија, Бугарија, пренесува Russia Beyond.

Натпреварот заврши со триумфот на 43-годишната Русинка, мајка на три ќерки и еден син. Во 2019 година таа победи на натпреварот за убавина во Санкт Петербург со што го доби правото да ја претставува Русија на финалниот натпревар.

За учество во овој натпревар, условите се жената да биде омажена, да ги има реализирано нејзините амбиции во кариерата и да има најмалку 40 години.

Ксенија работи како гинеколог акушер во локална болница во Санкт Петербург и е мајка на четири деца на возраст меѓу три и 16 години.

 

Треба да знаете
Последни објави