Search

(Фото) Халит обвинет за сексуален напад врз колешка од „Забрането јаболко“

Турскиот актер Талат Булут го гледаме во една од водечките улоги во турската прајмтајм сапуница “Забрането јаболко” каде го толкува богаташот Халит, за кого се кршат копјата меѓу жените во серијата, пренесува порталот ТВ ПАКЕТ.

Во серијата ги шармира неговите сопруги, но зад камерите, се испостави дека актерот не е воопшто поразличен.

Имено, пред две години, Талат беше обвинет за сексуално вознемирување од страна на костимографката Озге, која се грижи за стајлинзите на актерската екипа.

„Ја зацврстував неговата вратоврска за време на сетот. Тој ми рече да „дојдам зад сцената“ и ми ги бакна усните, по што започна да ме допира. Бев шокирана. Веднаш отидов кај продуцентите да се жалам“, рече Озге Шимшек, додавајќи дека таа ќе го тужи бидејќи„ таквите злосторства не требало да останат неказнети “.

Девојката поднесе тужба против актерот, по што се приклучи и уште една турска актерка која исто така го обвини Талат за заведување и вознемирување за време на снимањата на некој филм пред многу години…

 

 

Треба да знаете
Последни објави