Search

(Фото) Скандал: Ќерката и бившата снаа на Трамп биле интимни со тајните агенти

Последниве неколку години во Белата куќа кружеле гласини дека ќерката Тифани и снаата Ванеса Трамп имале интимни односи со своите телохранители, а сега веста протече во јавноста.

Новинарката и добитник на Пулицерова награда, Керол Леониг, ја напишала книга насловена „Zero Fail: The Rise and Fall of the Secret Service“.

Новинарите на „Гардијан“ и „Вашингтон пост“ добиле делови од книгата во кои се спомнуваат Тифани и Ванеса.

Меѓу другото, таа открила дека Ванеса и Тифани биле интимни со агентите на тајната служба, кои биле задолжени за чување на семејството додека Доналд Трамп бил претседател на САД.

Книгата ќе биде објавена на 18 мај, а потоа јавноста ќе дознае сè што Леониг напишала за ќерката на Трамп, Тифани и поранешната снаа Ванеса, првата сопруга на Доналд Трамп јуниор.

Според „Гардијан“, Ванеса започнала врска со еден од агентите кој се грижел за безбедноста на Доналд Трамп јуниор, неа и нивните деца. Не е познато како настанала аферата, но Ванеса поднела барање за развод во март 2018. година.

Како што напишала Керол, агентот не бил отпуштен, ниту имало последица во професионална смисла.

Тифани, од друга страна, се „вплеткала“ со друг агент, со кого поминала многу време сама. Водачите на тајната служба тогаш, се вели во книгата, биле „загрижени за тоа колку Тифани се зближила со висок, темен и убав агент“.

На агентите инаку им е забрането да имаат интимни односи со луѓето што ги штитат.

Преземено од +инфо

Треба да знаете
Последни објави