Search

(Фото) По сообраќајка во Кисела Вода откорната е и бандера од која настрада пешак

По судар на камионче за шлеп-служба и автомобил „опел“ во скопска Кисела Вода во прекин е нормалното одвивање на сообраќајот на улицата „Христо Татарчев“ кај кривината меѓу мештаните позната како „свиок на смртта“. Од сударот откорната е и бандерата на која се монтирани камерите за видео-надзор, а од паѓањето на истата настрадала девојка која си се движела по пешачката патека.

За среќа учесниците во несреќата сите се контактибилни. Девојката која настрадала од откорнатата бандера и возачот на „опелот“ кој имаше раскрвавена глава со возило на брза помош веднаш се префрлени во скопските болници за укажување на прва помош и одредување на степенот на повредите.

Целата несреќа која ги вознемири жителите од оклните куќи помина со значителна материјална штета. Увид на местото на несреќата се чекаше да направи полицијата по што сообраќајот ќе биде нормализиран.

На овој дел од улицата „Христо Татарчев“ не е првпат да се случуваат тешки сообраќајни незгоди. Страдаат учесници во сообраќајните незгоди, но и случајни минувачи по пешачките патеки. Ннесреќите на овој дел од улицата завршуваат и со смртни последици.

Треба да знаете
Последни објави