Search

(Фото) Пожарникарите спасуваа човек на 17 кат во Карпош 4

Силен пожар избувна утрово во една од трите кули, познати каако „Три убавици“ во скопската населба Карпош 4. Според првичните информации, се запалил стан на 17 кат, чиј сопственик, според очевидците, се засолнил на балконот додека густиот чад се доближувал кон него.

Пожарникарите сепак влегле во станот и го спасиле човекот, кој со возило на Итната медициснак помош е пренесен во болница, но не е познато за какви повреди станува збор.

Пожарот најверојатно избувнал од гасна боца.

Фото: „Независен.мк“

Треба да знаете
Последни објави