Search

(Фото) Комбе со 33 мигранти паднало во провалија кај Демир Капија

Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци заедно со полициска екипа во моментов вршат увид на местото викано Пржедски споменик, на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, каде попладнево се преврте комбе во кое биле превезувани мигранти, информира ОЈО.

„Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе „мерцедес“ Движејќи се на автопат од Гевгелија кон Скопје, возачот забележал дека го прати полиција. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во провалија со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди,  се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.

Возачот кој откако скокнал од возилото паднал во провалија се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во континуитет ги презема потребните дејствија за целосно расчистување на настанот“, се вели во соопштеноето на ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави