Search

(Фото) Во Охрид уриваат хотел бесправно изграден на самото крајбрежје

Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти, што ја спроведува Општина Охрид, денеска продолжи со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга, објави „Охридњуз.мк.“

 

Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа.

Треба да знаете
Последни објави