Search

(Фото)Сцените од протестите во Белград главна тема во регионот и пошироко

 

Демонстрациите во Белград поради најавениот полициски час кој треба да биде од петок до понеделник, поради ескалацијата на пандемијата со коронавирусот, кои се претворија во насилие се главна тема во регионов и пошироко. Насилните демонстрации завршија синоќа кога полицијата со опрема за растерување на толпа луѓе ја исфрли групата демонстранти кој усепела да влезе во зградата на српското Собрание.

Еден час откако првата група на демонстранти влегла во Собранието имало и обид од друга група да се пробие до внатрешниот дел од законодавниот дом, но била спречена од полициските сили при што дошло до физички контакти меѓу полицијата и демонстрантите.

Белград синоќа наликувал како бојно поле, а сликите кои се појавија во медиумите се главна тема во регионот и пошироко.

 

Треба да знаете
Последни објави