Search

Фотографиите од средбата на Путин и Меј покажуваат дека нема љубов меѓу нив

Британската премиерка, Тереза Меј, се сретна со рускиот претседател, Владимир Путин, на самитот на Г20 во Осака, а нивните заеднички фотографии предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи.

На почетокот на средбата двојката се ракуваше, но ниту еден од нив не се насмевна. Особено внимание предизвика камениот израз на лицето на премиерката.

„Видете ја таа љубов“, коментира Дерек Момоду, уредникот на фотографија на „Мирор“, на „Твитер“.

Други мислат дека Меј одлучила да покаже што навистина мисли за сите сега кога знае дека нејзината должност е завршена.

„Скорешното заминување ја ослободи, сега се однесува и зборува онака како што мисли“, напиша политичарот Кристофер Сталфорд.

Треба да знаете
Последни објави