Search

(Фото+видео) Двојничката на кралицата Елизабета открива: 30 години работам без скршена пара, ја менувам за таа да се одмора

Целиот свет досега се прашуваше како 94-годишната британска кралица Елизабета Втора успева да посети бројни кралски приеми и настани. Од каде енергија таа старица да „трча“ од прием на прием? Само минатата година таа имаше 295. Се чини дека распоредот на кралицата е многу густ. Премногу густ за да може да стори сé сама. Ако на тоа ги додадеме и пробите за повеќето настани, сценариото за кралицата која е во години станува неподносливо.

Но, затоа има бекап, кои популарно се нарекуваат и „клонови“. Од претходно знаеме колку славни личности испраќаат свои резервни „копии“ на настани на кои не успеваат да учествуваат, односно луѓе кои физички се многу слични на нив. Понекогаш тие се штитат на тој начин, кога навистина не сакаат да се појават некаде, затоа што проценуваат дека можат да бидат загрозени. Не е лесно да се биде јавна, позната личност.

Сега е откриено дека и кралицата Елизабета го прави истото, но на малку поинаков начин.

Имено, нема личност што повремено ја менува кралицата и се преправа дека е вистинска Елизабета, но има жена која физички личи на неа и барем малку ги олеснува работите за вистинската кралица. И тоа го прави цели 30 години.

Имено, таа ја менува на пробите за кралски настани. Кралицата е кралица, се занимава со важни работи, се појавува само таму каде што треба, па 62-годишната Ела Слак е задолжена за нејзините генерални проби, а нејзината фигура и изглед навистина потсетуваат на кралицата…

Преземено од +инфо

Треба да знаете
Последни објави