Search

ФОН Универзитет учествува во акција “3D принт медицинска опрема“ во борба против Ковид 19

 

Доц. м-р Марко Ружин од Факултетот за Дизајн и Мултимедија се приклучи во доброволната акција на докторот Ненад Лазаров која што се организираше преку социјалните медиуми. По пат на 3д технологија се создаваат делови потребни за склопување на заштитни маски за медицинскиот персонал во државата. Благодарение на сопствениот 3д принтер, доцентот доброволно и со сопствениот материјал учествува во оваа акција.

Фон Универзитет како високообразовна институција ги поддржува сите механизми и хуманитарни акции кои што се ефектуираат во битката против глобалната  пандемија.

 

Треба да знаете
Последни објави