Search

Фон дер Лајен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа истакна дека фокусот на буџетот на Европската Унија за периодот 2021 – 2027 година ќе биде борбата против новиот коронавирус.

Таа за бриселскиот портал „Политико“ изјави дека повеќегодишната финансиска рамка не е единственото средство за помош, но дека е средство за стратешко инвестирање и интраевропска кохезија што е прифатена од сите земји членки на ЕУ.

„Политико“ пишува дека Фон дер Лајен објави дека ЕК ќе претстави дополнет предлог за буџетот на ЕУ од 2021 до 2027 година, што ќе вклучува пакет стимулации.

Треба да знаете
Последни објави