Search

Флик го надмина Гвардиола победувајќи на 22 од првите 25 натпревари како тренер на Баерн

Баерн Минхен вчеравечер ја совлада Фортуна Дизелдорф со 5:0 во натпреварот од 29-то коло на германскиот шампионат. За тренерот на Баварците, Ханс-Дитер Флик оваа победа беше 22. побед на првите 25 натпревари како шеф на стручниот штаб.

Така, Флик го надмина достигнувањето на Пеп Гвардиола, кој победи на 21 од првите 25 средби на Баерн.

Флик го наследи Нико Ковач како главен тренер во ноември 2019 година. Оттогаш, екипата од Минхен претрпе само два порази – од Баер (1:2) и од Борусија Менхенгладбах (1:2), додека ремизира со Лајпциг (0:0).

Треба да знаете
Последни објави