Search

Филипче: Уште една жена покажа мали знаци на корона вирус, но верувам дека тестот ќе биде негативен

Нема нови случаи на коронавирус во Македонија. Ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на националниот форум за здравје кој се одржува денеска во хотелот „Александар Палас“. Засега останува заразено само едно лице, 50-годишна скопјанка која што се вратила од Милано.

Тој информираше дека дошле уште двајца луѓе во Клинички центар, а на еден од нив имало мали знаци на корона вирус помешан со други вируси.

-Дојдоа уште двајца луѓе во текот на вчерашниот ден, еден возач на камион кој поминал низ Северна Италија, и тестот е негативен. Дојде и една пациентка која била со својот сопруг на прошетка во Рим. Кај нејзе тестот 1/3 е позитивен, што може да биде присуство на некој друг вирус, и во моментов се прават дополнителни испитувања.Пациентката која е хоспитализирана на инфективната клиника се чувствува добро. Исконтактирани се во текот на вечерта сите патници кои биле со неа, и кај сите е препишана соодветна изолација, во домашни услови, и тоа е организирано со МВР. Направен е контакт со сите контакти кои ги имале патниците по враќањето. Доброто е што скоро сите укажуваат дека немале контакт со голема маса, туку само со семејствата во куќите и во дворовите. На сите ќе им биде назначена изолација, засега во домашни услови, а потоа ако треба и во соодветните медицински установи, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави