Search

Филипче: Остануваат маските, дистанцата и дезинфицирањето раце

Целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата. Епидемијата е целосно под контрола. Вирусот е тука и ќе биде тука. Меките мерки, маски, дистанца и дезинфекција на рацете останува да важат, изјави вечерва Венко Филипче, министерот за здравство.

„Денеска е точно три месеци откога беше дијагностицирања првата пациентка заразена од коронавирусот. По три месеци, денеска сме на раскрсница – да го враќаме животот во нормала со почитување на сите заштитни мерки или да продолжи важењето на сите овие рестриктивни мерки. Одлучивме да го враќаме животот во нормала. Првата битка е добиена, но борбата трае и ќе трае. Ќе мора да научиме да живееме со вирусот. Сите досегашни мерки се носеа врз основа на науката и бројките. Тоа се мерките донесени во сите земји, со мали модификации. Продолжуваме понатаму со важење на овие меки мерки“, изјави Филипче.
Треба да знаете
Последни објави