Search

Филипче: Новиот реиз на ИВЗ дава максимална поддршка во борбата против коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот.

Во контекст на ова, утрово министерот оствари средба со новиот реис на ИВЗ, Шаќир Фетаху.

„Фетаху во целост се согласува со ова и ја поздравува иницијативата. Тој посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона-кризата во земјата“, рече Филипче.

Министерството за здравство планира заеднички средби на претставниците на Владата, невладините организации и верските заедници.

„Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. На средбите ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот“, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави