Search

Филипче: Нема политика во разрешувањето, Зибери го поткопа угледот на Комисијата за заразни болести

Никој не смее политички да поентира на едно сензитивно прашање, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.

Истовремено, Филипче ги отфрли наводите од директорот дека разрешувањето било со политичка позадина и се случило во моменти кога неговиот чичко е кандидат за прв премиер Албанец.

„Апсолутно сакам да го демантирам тоа. Разрешувањето следи после неговата изјава во однос на работата на Комисијата, со што сметам дека го поткопа угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, кои работеа водејќи се од професионални принципи. Сметам дека апсолутно никој не смее да политизира, ниту да добива политички поени на едно такво сензитивно прашање“, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави