Search

Филипче најави нова опрема и подмладен кадар за кривопланечката болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска беа во работна посета на кривопланечката болница, каде што одржаа работна средба со директорот на Здравствениот дом, Бранко Стаменковски.

Како што информираат од надлежното Министерство, во текот на посетата се разговарало за предизвиците и проблемите со кои се соочува оваа јавна здравствена установа и биле истакнати приоритетите за решавање на актуелните проблеми со недостиг на опрема и медицински кадар.

Во рамките на посетата Филипче најавил набавка на нов мамограф и нов ЕХО-апарат, како и ново возило за санитетски транспорт, со цел подобрување на нивото и квалитетот на здравствената заштита.

На средбата се разговарало и за потребата од млад медицински кадар и за тоа колку млади доктори ќе бидат примени во овој здравствен дом со новата владина мерка во согласност со Законот за здравствената заштита.

Министрите Филипче и Николовски посетата на Крива Паланка ја реализирале на иницијатива на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој со двајцата министри разговарал за крупните проекти предвидени за реализација во општината.

Треба да знаете
Последни објави